Власта и опозицијата здружено го отежнаа учеството на независни кандидати на избори

by vlatko 19:56
19:56

Неполн месец откако Уставниот суд ги укина измените на Изборниот законик, со кои се крена прагот за независни кандидатури на изборите, власта и опозицијата повторно здружено ставија потпис на нови слични измени.

Предлог-законот што вчера беше поднесен по скратена постапка, потпишан од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Вреди и ЗНАМ, денеска експресно помина и на комисиска расправа, а на граѓанските здруженија кои дојдоа на средба со претседателот на Собранието со подготвени амандмани им беше кажано дека е доцна да ги поднесат.

Од граѓанските здруженија велат дека со ова дрско погазување на одлуката на Уставниот суд, големите партии повторно и плукаат во лице на уставноста.

Сега предложените прагови за потписи се дури и повисоки од 1% за голем број на општини каде што се наоѓаат најголем број од избирачите, како на пример, Скопје.

Со измените на Изборниот законик се предвидуваат од 100 до илјада потписи за кандидатура, во зависност од големината на општината.

Во градот Скопје се потребни најмалку 3.500 потписи од запишаните избирачи во избирачкиот список.

Инаку, граѓанските организации бараат таа бројка да се движи од 20 до 300 потписи.

Слични вести