Израел повторно напаѓа, Иран објави војна: Црвено знаме е подигнато во џамија во Техеран

by vlatko 19:36
19:36

Пристигнуваат нови извештаи за нови експлозии низ Иран. Израелските воздухопловни сили во објава на X соопштија дека продолжуваат да „напаѓаат ракетни лансери и инфраструктура“ во Иран. Ројтерс пишува дека се слушаат експлозии во областа каде што се наоѓа нуклеарната централа Фордо.

Во меѓувреме, црвено знаме е подигнато над џамијата Џамкаран во светиот ирански град Ком, што предизвика силни реакции низ целиот свет. Тоа е редок симболичен чин што во шиитската традиција означува повик за одмазда и порака дека е извршено сериозно злосторство против заедницата.

За разлика од универзалното значење на црвената боја, во контекст на шиитскиот ислам таа претставува крв што сè уште не е осветена. Кога се крева над Џамкаран, џамијата поврзана со верувањето во доаѓањето на 12-тиот имам Мехди, пораката е најава за сериозен воен одговор.

Сличен потег беше забележан во 2020 година, по атентатот врз генералот Касем Солејмани, кога беше подигнато и црвеното знаме, проследено со иранска одмазда против американските цели во Ирак.

Со оглед на тоа што Израел вчера изврши напади врз иранските нуклеарни постројки и фабриките за балистички ракети, Техеран очигледно одлучи да испрати симболична, но многу јасна порака дека црвената линија е премината. Во овој контекст, кревањето на знамето укажува на подготвеноста на Иран да одговори.

Слични вести