Пратениците едногласно дадоа зелено светло за новиот состав на Антикорупциската Комисија.
Со 97 гласа „за“ изгласани се седумте члена на новата Комисија која во следните пет години ќе водат битка со сите коруптивни скандали и сомнежи за криминал.
И власта и опозицијата се согласни дека е избран идеален состав кој ќе работи на справување со коруптивните скандали.
Ревизорката Татјана Димитровска во следните пет години ќе стои на чело на Комисијата.
Покрај Димитровска, за членови на Комисијата се избрани судијката во Основниот суд Софија Спасова Медарска, двајцата досегашни советници во ДКСК Билјана Каракашова Шулев и Бесник Џемаиљи, ревизорите Зоран Богоевски, Цвета Ристовска и Демири Сервет.
Новата комисија треба да почне со работа на 8-ми февруари.