На местото на Кипријановска на местото заменик министер за надворешни, Димитриев го предлага Илија Исајловски, актуелен амбасадор на РМ во Кина. Кипријановска беше на функцијата на предлог на партијата на Павле Трајанов, како дел од коалицискиот договор по изборите во 2014.
Од ДС велат дека разрешувањето на Кипријановска доаѓа откако Трајанов ја напушти коалицијата со ВМРО ДПМНЕ и отворено почна да се спротиставува на политиките на Груевски. Оттаму порачувата дека слична судбина очекуваат да ги снајде и останатите функционери кои се на предлог на ДС, а веќе почнале разрешувања во третиот ешалон.
Исајловски е поранешен амбасадор во Русија и Украина. Освен смената на Кипријановска, парламентот треба да го изгласа и новиот министер за финансии Кирил Миновски, директорот на УЈП на местото на Ставревски кој се повлече од функцијата заради здравствени проблеми.