471
Во присуство на Владимир Змејковски, Миле Димовски, Влатко Бурнески, Љубиша Пешиќ и Самоил Малчески, и формално е основан Форумот на слободоумни патриоти, чиј претседател е Змејковски, брат на првиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Борис Змејковски, информираа од Форумот.
Од таму посочуваат дека немаат цел да станат политичка партија, туку нивните права и обврски, како што велат, ќе ги остваруваат во рамки на ВМРО-ДПМНЕ, согласно партискиот статут, како членови на оваа партија.
Според ФСП, потребно е враќање на демократијата и воспоставување на правичен вредносен систем во ВМРО ДПМНЕ, која, нагласуваат од таму, сега се управува тоталитарно од страна на актуелното раководство на чело со Никола Груевски.