Владимир Змејковски жестоко го нападна неговиот брат Борис Змејковски поради неговиот настап на трибината на ВМРО-ДПМНЕ, во чии рамки рече дека во почетните години од формирањето на партијата примале само чисти вмровци.
„Ајде Борисе не лажи, никогаш не беше во душата ВМРО-вец, од мал те знам, од дете беше користољубец и таков остана до денес. Лажи ги сите, јас многу добро ти го знам карактерот, новопечен олигарху! Мандај му ги мадињата на Грујо за тоа белким ќе ти опне на твоето конто уште едно и пол милионче евра, а во фиоката кај него сигурно ти чува и некоја кривична, онака за патем да бидеш послушно и верно љангарче и да го величаш ликот и делото на мафијашот Грујо и неговата фамилија пошто сите што го браните сега сте од ист ков“, гласи фејсбук статусот на постариот од браќата Змејковски.