511
Актерот Владо Јовновски ќе излезе од притвор, одлучи денеска Апелациониот суд. Притворот ќе му биде заменет со куќен притвор и одземање на пасошот.
Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Крсто Мукоски останува во притвор во Шутка. Апелациониот суд го одби неговото барање мерката да му се ублажи со куќен притвор. Пред апелационите судии Мукоски се пожали дека освен физичкото, сериозно му е нарушено и психичкото здравје.
-Овозможете ми да одам дома. Имам сопруга и четири деца. Треба да одам дома за да закрепнам здравствено, побара Мукоски, но неговото барање не беше исполнето.