Владо Јовановски бара јавна седница во Апелација за жалбата против продолжување на притворот

by fokus

Актерот Владо Јовановски побарал јавна седница од Апелациониот суд на кој ќе се разгледува неговата жалба по однос на продолжување на притворот за уштре 30 дена како осомничен за настаните во Собранието од 27-ми април.

Јавна седница бараат и Оливер Поповски од шестата управа, како и Горан Ѓошевски од обезбедувањето на Трајко Вељановски.

Во Апелација до сега пристигнале осум жалби по однос на одлуките од Кривичниот суд. Судот пред една недела одлучи да им го продолжи притворот за нови триесет дена на пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, на поранешниот министер за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, организаторите на протестите на „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски и на уште шестнаесет лица осомничени за насилствата во Собранието.

Поврзани новости