Популарниот поп музичар Владо Јаневски, кој пред неколку години го замени скопски Чаир со Гевгелија, изненади со својот нов изглед. Тој открива дека станал бренд амбасадор на новиот NISSAN Qashqai, и објави фотографии на кои позира покрај својот нов автомобил.
Но, она кое е забележливо на прв поглед, Јаневски во својата 62-ра година решил комплетно да го промени својот изглед, но и елегантниот моден стил на кој му беше верен со децении.
Освен што се појавува во трендовски панталони и тесна маица, тој за првпат ги покажа и набилданите мускули, кои во минатото не му беа својствени, со што ги ги покрена коментарите дека најверојатно во Гевгелија минува доста време во теретана, или пак станува збор за фотошоп.
– Се вљубив на прв поглед во автомобилот, а задоволството стана комплетно со понудата да станам бренд амбасадор на истиот. Се радувам на секој километар поминат зад управувачот на мојот нов дом на тркала, кој е добар за околината, и уште подобар за мене – порача Јаневски.
Со години наназад, тој не се експонира во јавност и ретки се интервјуата во кои прозборел за приватниот живот. За преселбата во Гевгелија во ТВ емисија кажа дека го пронашол својот мир во помал град.
Од објавите на неговата страница може да се види дека има редовни настапи во клубови во земјава.
Вики Клинчарова