Владиците Петар и Григориј на гости во руската амбасада на Денот на Русија

by Фокус

Амбасадата на Русија во земјава одржа државен прием по повод рускиот национален празник – Денот на Русија, на кој присуствувале и владиците на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, преспанско-пелагониски Петар и кумановско-осоговски Григориј.

Во својот говор, рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, меѓу другото, истакнал дека Русија е среќна за возобновувањето на евхаристичкото заедништво откако минатата година Руската православна црква прва по одлуката на Српската православна црква ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА.

-Русија отсекогаш ѝ придавала особено значење на правдата. На идејата на највисока, божествена правда се заснова православната вера што го формираше нашиот национален карактер и генетски код, и која нè обединува со братскиот македонски народ – рекол тој.

Според него, унапредување на меѓуцрковна соработка е предуслов за натамошно зајакнување на односите меѓу народите на двете земји.

-И во сегашното време сме заинтересирани за праведен мултиполарен светски поредок што се формира. Нашата цел е да создадеме подобра иднина за идни генерации, во која земјите ќе се обединат не за да започнуваат војни, туку за заеднички да развиваат економија, наука, култура – рекол рускиот амбасадор.

Поврзани новости