556
Во Струмица на 23-ти ноември ќе се одржи заедничка седница на Владите на Република Македонија и Република Бугарија, соопшти денеска прес службата на бугарската Влада. На седницата ќе се разговара за теми од заеднички интерес, а во фокус ќе биде напредокот на добрососедските односи меѓу двете земји.
Седницата ќе заврши со полагање венец на споменикот на македонскиот претседател Борис Трајковски.
Одржување на заедничка седница било договорено за време на официјалната посета на премиерот, Бојко Борисов, на почетокот од август, кога беше потпишан договорот за добрососедство. Македонската Влада донесе одлуки за заедничка седница и со Албанија, која треба да се одржи на 2ри декември.