Владата продолжи со праксата после секоја седница да испраќа соопштение за јавноста со сите точки кои биле на дневниот ред. Во вечерашното соопштение изостанаа детали за текстот за Законот за употреба на јазиците, за кој Владата информираше дека го усвоила.
-На седницата владата го усвои текстот на Законот за употреба на јазиците кој произлегува од усогласувањето на националната програма за усвојување на правото на Европската Унија. Откако законот ќе биде усвоен во Собранието на Република Македонија, Министерството за правда, преку Министерството за надворешни работи, ќе го достави законот и отворените прашања кои кои не се дел од овој закон, до Венецијанската комисија и ќе побара мислење за пакетот законски решенија, се вели во владиното соопштение.
Во меѓувреме дел од медиумите го објавија текстот на Законот, според кој ќе има двојазични унформи во местата каде најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот и според кој јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните (албански јазик), исто така е службен јазик заедно со неговото писмо.