Сафет Мифтари, заменик-директор на Национални шуми од редовите на ДУИ, во изјава за ТВ Алсат го обвинува неговиот директор, Валентин Груевски од ЛДП, дека во ова јавно претпријатие нема ниту еден раководител Албанец.
Мифтари вели дека во 30 регионалните единици има само тројца од ДУИ, а од 1.800 вработени во ова јавно претпријатие Албанците се застапени со помалку од 5 проценти.
Заменик-директорот вели дека поради неговата националност директорот целосно го игнорира, па повеќе овластувања од него имале и вработените од пониско ниво.
Дури, тој изрази сомнеж дека се местат тендери и најави кривични пријави.
На ова одговори лидерката на ЛДП, Моника Зајкова, која вели дека не се работи за Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, Срби, туку исклучиво за партиски интереси и поени.
„Дали ако имаме врвен доктор Македонец не треба да работи на клиника или да ја раководи само затоа што е Македонец? Или ако имаме врвен архитект Албанец, Турчин, Ром, Бошњак, Влав… не треба да добие работно место во областа затоа што според балансерот треба да е Македонец? До кога ќе ги делите луѓето по етничка основа, партии, проценти и балансери, место по квалитет, а притоа ќе зборувате за дискриминација?“, напиша Зајкова на фејсбук.