Владиниот агент во Стразбур: Нема никаква одлука за аболицијата на обвинетите функционери

by fokus

Бирото за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права преку соопштение до јавноста тврди дека се уште нема никаква одлука за аболицирањето на обвинетите функционери, но потврдува дека таму е почната постапка за апликациите кои ги поднесоа обвинетите во случаите на Специјалното јавно обвинителство.

-ЕСЧП на 25 септември на одговор до Владата доставил две групи на апликации кои се поднесени против државата пред овој меѓународен суд, а во кои се проблематизираат тековни или завршени постапки од аспект на аболициите на поранешниот претседател на државата Иванов. Поради зголемен интерес на јавноста во врска со тековните постапки пред ЕСЧП по повод поднесените апликации, а за кои имаше повеќе написи во медиумите во текот на вчерашниот ден Бирото за застапување на РСМ пред ЕСЧП, информира за следново: Станува збор за стандардна постапка која поднеднакво важи и за останатите држави членки на Советот на Европа и за стандардна постапка на доставување на апликации на одговор до државата. За Владата на Република Северна Македонија, постапка по поднесена апликација пред ЕСЧП започнува кога апликацијата поднесена до ЕСЧП, по прелиминарна оценка на нејзината допуштеност, ЕСЧП ќе одлучи да ја достави на одговор до државата. Во врска со апликациите кои се во фокус на актуелниот интерес на јавноста и информацијата која се објави во дел од медиумите, државата се наоѓа токму во оваа фаза кога предметните апликации се доставени на одговор до државата, соопштуваат од Бирото за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права, каде владин агент е Даница Џонова.

Поврзани новости