357
Премиерот Зоран Заев очекува ребалансот на Буџетот да биде донесен пред 2 август.
Како што изјави денеска, одговорајќи на новинарски прашања по работната средба во Стопанската комора, владината седница за ребалансот е закажана за петок, во 9 часот наутро.
– Знаеме дека 20 дена ова прашање мора да биде отворено, десет дена дебата пред собраниската Комисија и пет дена максимум за пленумот. Верувам дека пред 2 август ребалансот на Буџетот ќе биде донесен, истакна Заев.
Според него, продолжува соработката со странските финансиски институции, а намерата на Владата е да влече пари и кредити само за инфраструктурни и развојни проекти кои ќе ги враќаат парите назад.