Владина поддршка за инвестиции на жени од рурални средини со неповратна помош

by fokus

Неповратна финансиска поддршка во висина од 180 илјади денари за инвестиции што ќе придонесат за развој на руралните средини се предлага со измените на националната програма за развој на земјоделството и рурален развој за период 2018-2022 година.

Ова се дел од измените на предлог програмата што ги прифати Владата на денешната седница, а се предложени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и UN Woman.

Измените се во  насока на поддршка на жените од руралните средини.

Поврзани новости