Владина делегација во посета на Брисел

by Fokus

Владина делегација предводена од вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска ќе престојува во еднодневна посета на Брисел.

Во составот на владината делегација се и министерот за правда Билен Саљији и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Во рамки на посетата, вицепремиерот Османи заедно со директорката за Западен Балкан во Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, Геновева Руиз Калавера ќе копретседаваат со 14-тиот состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација.

„Состанокот претставува важна компонента на евроинтегративниот процес на Република Македонија, каде ќе се дискутира за новиот европски импулс, акциониот план за спроведување на итните реформски приоритети, отворените политички прашања и сѐ она на што Владата веќе се обврза да го адресира при бројните средби со претставниците на Европската унија“, велат од Секретаријатот за европски прашања.

Поврзани новости