Владина делегација составена од заменик министерот за правда Агим Нухиу и заменик министерот за финансии Филип Николоски, денеска по повод одбележувањето на државниот празник 8-ми Декември – „Свети Климент Охридски”, положи цвеќе на споменикот на овој голем духовник и просветител пред Националната универзитетска библиотека во Скопје, што го носи неговото име.
-Со одбележувањето на овој ден, го одбележуваме делото на Свети Климент Охридски, големиот ученик на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј чие име се поврзува со почетоците на македонската писменост. Свети Климент Охридски оставил печат не само на македонската писменост и историја, туку и на историјата и на другите народи на Балканот, бидејќи е основоположник на Охридската книжевна школа, позната и како „прв балкански и европски универзитет Свети Климент Охридски”. Почитувањето на јазикот и писменоста е почитување на историјата, самобитноста и различноста, се наведува во соопштението од владината прес-служба.