408
По повод 8 Септември – Ден на независноста, владина делегација, предводена од премиерот Зоран Заев, ќе положи цвеќе на вечните почивалишта на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски и пред споменикот „Ослободители на Скопје“ пред Владата.
Исто така, Заев ќе има обраќање на настанот по повод одбележувањето на големиот државен празник во месноста Три Круши, во Драчево, што традиционално го организира општинската организација на СДСМ во Кисела Вода.
На празничниот пикник, каде што ќе биде организиран и ручек за присутните, поканети се сите граѓани.