Владимир Тодоровиќ – екс градоначалникот на општина Центар кој што беше во куќен притвор поради инволвираност во случајот „Феникс“ по измените на Кривичниот законик сега е потполно на слобода.
Тодоровиќ кој е основач на „Тинекс“ беше приведен во јуни годинава, поради осомниченост дека додека бил на градоначалничката функција ја злоупотребил службената положба и овластување за проектот „Скопје 2014“ во случај што го отвори ЈО.
Дел од уапсените завршија во притвор, а Тодоровиќ во домашен притвор.
По предлог на обвинителот, од минатиот петок тој повеќе не е во куќен притвор.
Дејствијата кои ги сторил Тодоровиќ се до 2013 му застаруваат, според најновите измени на кривичниот законик што стапија на сила на 15 септември 2023 година.
Ако истрагата биде запрена, Тодоровиќ од судот може да бара да му биде исплатена отштета поради тоа што два и пол месеца неосновано бил во куќен притвор.