Владимир Путин е најстрашната личност за која готвел Гордон Ремзи

by Fokus
Споделувајќи ги своите кулинарски совети и критики, многумина би рекле дека Гордон Ремзи е личност која не се плаши од никој и од ништо.

Но, тоа е далеку од вистината. И тој има свои стравови, а еден од нив е Владимир Путин.

Популарниот готвач признал дека всушност рускиот претседател била „најстрашната“ личност за која подготвувал јадење, а еве и што најмногу го исплашило во таа прилика.

 

 

-Искрено, се преплашив. Во главата ми се вртеше само една мисла: Што доколку ги отрујам и двајцата? Замислете низ каков пекол би морало да поминам, изјавил Ремзи.

Ремзи за Путин и за британскиот премиер Тони Блер готвел во 2000-та година во резиденцијата на Даунинг Стрит, а тврди дека тоа за него било необично искуство.

-Дојдов да ги поздравам, а тие ме испрашуваа за англиски аспарагус. Единственото нешто на кое мислев беше: Луѓе, извадете ме оттука. Готов сум, раскажал Ремзи.

Како што истакнал, познатиот готвач бил огорчен од недостатокот на простор и основниот кујнски прибор во резиденцијата на тогашниот премиер.

 

„Очекував во резиденцијата во Даунинг Стрит да има кујна која одговара на просторот, но таму немаше ништо. Мораше сам да ги носам своите тенџериња“, изјавил тој.

По стресното искуство, Ремзи својот хонорар од ручекот го донирал во хуманитарни цели.

 

 

Поврзани новости