Владимир Кличко: Нежен џин кој сам ја одгледува ќерката!

by Fokus

Боксерскиот шампион Владимир Кличко, со својот брат Виталиј кој е градоначалник на Киев, деновиве е во центарот на светската јавност, откако и се придружи на украинската војска во одбрана на својата земја од руската инвазија.

Доста влијателен во Украина поради своите спортски успеси, Владимир неретко го привлекувал вниманието и поради својот приватен живот. За тоа дека се оженил со Александра Авизова, кога имал само 19 години, во далечната 1996 година, и за бракот кој им траел една година, секогаш изјавувал дека не се кае поради тоа. Беше тоа убаво време, се усреќувавме меѓусебно, но таа среќа не ни траеше долго – раскажа во едно интервју.

Во 2009 година пак, започна врска со холивудската актерка Hayden Panettiere. Со Хајден ја добија ќерката Каја, за која по разделбата во 2018 година, Владимир продолжил да се грижи. Актерката пак, често ги полнеше страниците на холивудските медиуми поради проблеми со алкохолот, но и поради семено насилство со новиот сопруг Како грижлив и внимателен татко го опишуваат украинските, но и светските медиуми, а често се објавуваа и заеднички фотографии од Каја и Владимир, направени за време на нивните летувања. Нежен џин, на кого ќерката му е се во животот, беа дел од насловите за него.

-Најголемиот дел од времето Каја го минува со мене и моето семејство во Украина, но и на Флорида, раскажуваше Кличко, кој останал во пријателски односи со мајката на Каја. Откако започнаа руските напади врз Украина, од неговиот ПР тим соопштија дека девојчето сега е на безбедно и не прецизираа дали се уште е во Украина.

Вики Клинчарова

Поврзани новости