Во Вишиот суд во Белград денеска продолжи судењето на родителите на Коста Кецмановиќ – Владимир и Миљана Кецмановиќ, по наводите од проширеното обвинение со кое се товарат дека го запоставиле и малтретирале нивниот малолетен син, кој го изврши масакрот во основното. училиште „Владислав Рибникар“.
Владимир Кечмановиќ се изјасни за невин, а на родителите на убиените деца им беше тешко да ја прифатат изјавата на Кецмановиќ за „дружење, учење и разговор“ со малолетниот убиец.
Како што неофицијално дознаваат српските медиуми, Владимир Кецмановиќ рекол дека тие биле практично идеални родители, а со синот се дружеле, учеле и разговарале, што родителите на загинатите деца тешко го поднеле.
– Кецмановиќ изјавил дека синот го носел на бројни активности како роботика, математика, гимнастика, нуркање, фудбал, одбојка. Рече дека оделе и по галерии и концерти – вели извор на „Блиц“.
Денеска, според неофицијални информации, одбраната предложила момчето убиец повторно да биде сослушано во постапката против неговите родители, додека Вишото јавно обвинителство во Белград се спротивставило на тој предлог.