741
Портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА, Тимотеј во изјава за „Слободен печат“ се дистанцира од изјавата на владиката Агатангел, кој вчера испрати политичка порака за поддршка на ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа е личен став на владиката. Не можам да предвидам дали и што ќе преземе Синодот за изјавата на владиката, не сум гатач. Но со тоа што велам дека станува збор за лични мислења, значи дека Синодот се дистанцира од неговата изјава. МПЦ е национална, божествена и човечка црква која ги обединува и не ги дели луѓето. Ние не можеме да бидеме поддржувачи на ниедна партија“, изјави владиката Тимотеј.