Митрополитот преспанско -пелагониски Петар на протестот против промена на името рече дека само Господ може да ја спаси Македонија и го прочита ставот на Светиот синод кој е едногласно прифатен.
-САС на МПЦ ги реафирмира своите досегашни непроменливи ставови и апелира до државните фактори да го зачуваат Уставот на РМ, да не се менува Уставот на Македонија, да не се менува уставната позиција на македонскиот јазик, да не се отстапува од македонскиот национален идентитет и да се сочува унитарниот карактер на Република Македонија, рече владиката Петар.
Тој додаде дека името на Македонија е ставено од Господ.
-Името наше македонско, дури и ние не го ставивме, Господ го ставил и во новиот и во стариот завет, повеќе од 30 пати е спомнато, од Свети Апостол Павле, а ги спомнува и Елините односно Грците. И во тоа време се распознавале луѓето дали се Македонци, дали се Грци, а во тој дух сакам да кажам и не е битно од какво потекло сме, туку како се чувствуваме, рече владиката.