Владиката Петар отвора телевизија

by fokus

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) му одобрила на друштвото „Преобразба“ да отвори телевизиски канал кој ќе се емитува во скопскиот регион.

Според порталот Фактор, Друштвото за производство, трговија и услуги (ДПТУ) „Преобразба“ е во сопственост на владиката и митрополит преспанско-пелагониски, Петар, кој под световното име Петар Каревски е основач и сопственик на друштвото.

Во дописот од АВМУ се наведува дека телевизијата, којашто преку кабелските оператори ќе се емитува во Скопје и околината, добила дозвола да емитува општ, претежно забавен формат на македонски јазик.

 

Поврзани новости