Владиката Петар: На нашето општество му се заканува уште поопасна, попогубна и поотровна идеологија – родовата еднаквост!

by Fokus

Владиката Петар, митрополит Преспанско-пелагониски во Велигденското послание жестоко го нападна феминизмот и рече дека родовата еднаквост е изопачена.

Тој смета дека пред појавата на ова движење жените биле домаќинки, а сега се еманципирани, но се се почесто разведени.

Владиката додава дека покрај правата за кои се борат жените, имаат и должност да бидат етични и морални.

„Во минатите векови, до феминизмост и еманципацијата на жената, таа била сопруга, мајка, домаќинка, а денес таа е високоеманципирана со забележителни позиции во општеството, но често и разведена и самохрана мајка. Кога некој бара повеќе или поголеми права, треба да е свесен, подготвен и способен да извршува повеќе должности“ порача владиката Петар.

Смета дека остварувањето на права без должности, го расипува и изопачува светот.

„На нашето општество молскавично му се заканува уште поопасна, попогубна и поотровна идеологија – родовата еднаквост! Оваа идеологија, односно манипулативна терминологија е богохулна, противприродна, изопачена, Господ ги создаде машко и женско и се друго изменето, поинакво и поразлично од божјото создание е ненормално, а со тоа и неприфатливо“ рече митрополитот Преспанско-пелагониски.

Петар рече дека често се случува феминистичките здруженија барајќи права да го вперат прстот во Црквата.

Поврзани новости