7
Митрополитот Петар ги нарече „наркомани, пијаници и арамии“, верниците кои деновиве бараа епископот Партениј да биде дел од процесот на избор на нов митрополит во Охрид, објави „Религија“.
Тој во проповед по одржаната литургија, не ги штедел навредите за Партениј, но и за верниците кои го поддржуваа. Митрополитот ги навредувал и ги нарекол „крадци на човечки души“, „арамии“, „пијаници“, „наркомани“ кои се обидувале да ги заведат другите верници.
Петар сепак, задоволно констатираше дека Партениј немал верници, како што тоа го претставувал, туку само се обидувал да ги изманипулира, во негово име, една мала група да протестира.