Србите предупредуваат на гужви на границата со Грција, бидејќи многу Македонци празничните продолжени викенди сакаат да ги поминат покрај море

by irena 13:34
13:34

Предупредување за можни големи гужви на граничните премини Богородица и Дојран се објавени во повеќе српски електронски медиуми, како и на интернет страници наменети за информации при патување и престој во Грција.

Според објавите, се предупредуваат српските граѓани кои решиле викендов да заминат во Грција на предсезонско летување, дека во четврток попладне и во петок наутро, можно е да се чека со часови за влез во Грција. Како причина за потенцијалните гужви на граничните премини го наведуваат празничниот продолжен викенд во Македонија, и праксата на голем број на македонски граѓани да ги минуваат празниците и неработните денови во познатите грчки летувалишта.

-Патот до Грција уште на почетокот на предсезоната може да биде успорен, бидејќи се очекуваат големи гужви на границите и зголемен сообраќај, поради неработните денови во Македонија. Посебно на граничните премини Дојран и Богородица, се очекуваат гужвите во четврток попладне и петок наутро, како и во недела, кога завршува продолжениот викенд во Македонија, и можна е гужва на граничните премини за излез од Грција, информира Б92, и апелира за трпение од страна возачите.

Исто така, поради најавите за тропски температури за време на викендот, се советуваат патниците со себе да понесат доволно освежителни пијалоци, во случај да треба да поминат часови во колона со возила пред премините.

Вики КЛИНЧАРОВА

Слични вести