844
Владиката Петар во гостувањето во „Само вистина“ на Канал 5, говореше за политичката состојба во Македонија, навраќајќи се и на Преспанскиот договор.
„Преспанскиот договор е еден договор кој гледано од аспект на нас, добивме грдо и ирационално име. Како ќе говорите за една држава кога во целиот свет постои една држава со Северна, а да нема друга држава со Западна, Источна. Признавањето на името беше политичко прашање и тоа се докажа“, рече владиката Петар.