Владиката Тимотеј, актуелниот митрополит на дебарско-кичевската епархија на Македонската православна црква и портпарол на Синодот, изјави дека се очекува Српската православна црква да го испрати предлогот за автокефален статус на МПЦ до Вселенската патријаршија до крајот на месецот, објави „Нова“.
-Црква за која се бара да биде предложена за автокефален статус треба да исполнува 9 или 10 точки. Ние очекуваме за нас, тоа да го направи матичната црква од која се одделуваме , во конкретниот случај СПЦ. Таа да предложи до Вселенската патријаршија доделување автокефален статус , што треба да го одобрат сите православни цркви, а потоа Вселенскиот патријарх да издаде Томос кој треба да биде потпишан од него и од епископот на СПЦ, изјави владиката Тимотеј.
Владиката не смета дека со тоа што се прифатил предлогот од СПЦ, за автономија како од 1959 година, дека е враќање назад, туку дека е чекор напред и логичен след на работите што треба да нѐ одведат до моментот за утврдување на автокефалниот статус.