Владејачката ДОМ бара владата да не дозволува бркање на работници

by Фокус

Зелената партија ДОМ предводена од пратеничката Маја Морачанин, која е дел од владејачката коалиција, бара Министерството за финансии да ја преиспита одлуката да им дозволи отпуштање на работници на компаниите што (ќе) ја користат владината мерка за субвенционирана минимална плата од 14.500 по вработен.

„Обврската за фирмите корисници на мерката да го задржат истиот број вработени треба да остане, за да се зачуваат работните места на вработените во приватниот сектор“, велат од ДОМ.

Притоа, партијата го поздрави предлогот искористените средства преку оваа мерка да се трансформираат во неповратни средства, што, според ДОМ, ќе им помогне на компаниите поефикасно да се справат со последиците од корона кризата.

Поврзани новости