347
Владата засега нема никаков одговор од Москва дали ќе воведе некакви мерки како одговор на одлуката да биде протеран руски дипломат, информираше владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
-Во моментов нема ништо ново, нашата одлука вчера ја објаснија министерот за надворешни работи Никола Димитров и премирот Зоран Заев и сметаме дека се запазени дипломатските процедури и согласно Виенската конвенција е постапено онака како што налагаат законите во Република Македонија, изјави Бошњаковски на денешната прес-конференција.