575
Доцна вечерва новата влада ќе одржи уште една седница, втора откако претходно во текот на денот ја одржа првата конститутивна седница. Втората седница треба да започне во 21:30 часот.
Претходно од 20 часот заседава Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) на кој се разгледува прашањето за почетокот на второто полугодие од наставата во основното и средното образование.