На денешната владина седница, на иницијатива на заменик претседателот на Владата за борба против корупција, човечки ресурси и одржлив развој, Љупчо Николовски, беше донесена нова одлука со која се дефинира и регулира користењето на службените возила во сопственост или користење на државата.
„Со новите одредби, секое користење на службените возила мора да одобрено, оправдано, наменско и рационално и во сообразност со визијата, мисијата, целите и делокругот на работата на државниот орган согласно неговите надлежности. Продолжуваме да работиме во правец на кратење на непотребните бенефиции на функционерите, како што претходно тоа го направивме со ограничувањето на угостителските услуги, како и надоместоците на членовите на управните и надзорните одбори на јавните претпријатија ширум земјата“ – вели Николовски.