Владата враќа долгови на СДС и ДУИ – 83 милиони евра ќе се потрошат за кредити на Државни патишта, Железници, ЈСП, ЕСМ, обвинува ВМРО

by Fokus

СДС и ДУИ ни оставија институции кои тонат во корупција и криминал, нереално проектиран буџет, нереално проектиран раст. СДС и ДУИ планирале буџет за половина година, а не за текот на цела 2024 година што значи на новата Влада не и оставија никаков простор за маневар, обвинува во денешното соопштение владејачката ВМРО – ДПМНЕ.

-83 милиони евра од Буџетот ќе се потрошат за отплата на кредитите кон странство што претходната влада на СДС и ДУИ заедно со директорите ги направиле преку јавните претпријатија како Државни патишта, Железници, ЈСП, ЕСМ кои не се во состојба да ги исплаќаат, а за истите се издадени државни гаранции. И не само ова, туку претходната влада на СДС и ДУИ целосно ги утнала проценките за раст на економијата кога го креирала Буџетот. Оттука, растот кој сега се очекува не 3,4 проценти, туку 2.1 процент. Ваква Македонија наследивме. Ова ќе го смениме. Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина!, се вели во соопштението.

Поврзани новости