849
Министерот за здравство Венко Филипче најави дека владата викендов ќе разговара за анализите на последните бројки на новозаразените, при што, истакна тој на ТВ 21, следната недела можеби ќе има и одлука за слободен проток на граѓани без тестови и изолација.
-Тоа што ќе го дискутираме се анализите на последните бројки на новозаболени и нивните контакти и нивните релации во рамки на кластери, тоа ќе ни покаже што може да очекуваме и врз основа на тоа ќе носиме одлука – објасни Филипче.