Владата ветува нов клиничи центар и повисоки плати во здравството

by Fokus

Новата Влада планира во следните четири години да продолжи со инвестициите во здравствениот систем, како во инфраструктура, така и во човечки ресурси, опрема и понапредни методи и терапии.

До крајот на годинава, како што меѓу другото се наведува во владината програма за периодот 2020-2024 година во делот кој се однесува на здравството, ќе биде дефинирана десетгодишната Стратегија за издвојување и инвестиции во здравството и ќе биде побарана собраниска широка поддршка за неа, бидејќи на здравствениот систем му треба стабилно и повисоко вложување.

Во програмата се наведува дека Владата секоја година ќе ги зголемува платите на здравствените работници и соработници до 10 отсто и целта е најниската плата на здравствени техничари и медицински сестри да ја стигне просечната плата во државата до 2024 година.

-Од 2021 година трикратно ќе го зголемиме бројот на специјализации во точно определени области. Ќе распишеме и доделиме дополнителни специјализации во соработка со здравствената фела, имајќи го предвид недостигот на специјалисти во повеќе медицински гранки, ќе обезбедиме платен работен стаж за секој нов млад лекар, но и паричен надоместок како стимулација, сите лекари на специјализација со живеалиште надвор од Скопје кои го немаат решено станбеното прашање ќе добијат субвенција од 12.000 денари месечно, стои во програмата на Владата.

Поврзани новости