Владата утре ќе одлучува за замрзнување на цените на јајцата, шеќерот и оризот

by Фокус

Владата утре треба да одлучува дали ќе ги замрзнат цените на јајцата, шеќерот и на оризот.

Анализите што ги прават надлжените за овие производи се веќе готови и се очекува на утрешната владина седница да бидат разгледани и да се донесе одлука.

Владата претходно ја замрзна цената на лебот на 33 денари, а потоа ги намали цените на тестенините за 15 проценти, а на млечните производи за 10 проценти.

На ваков начин, власта се обидува да ја влијае на намалување на инфлацијата, која во февруари годинава изнесуваше 16,7 отсто, во однос на истиот месец лани.

Поврзани новости