Владата утре ќе одлучува за полициски час на Бајрам, ИВЗ излезе со протокол за верниците

by Фокус

Владата денеска не одржа седница и не донесе одлука дали викенов ќе има продолжен полициски час, откако Комисијата за заразни болести предложи 58-часовен карантин од сабота во 19 часот до вторник во 5 часот.

Инаку, овој викенд со совпаѓа со Бајрам, а Исламската верска заедница се спротивстави на воведувањето на забрана за движење.

Откако пред неколку дена испрати писмо до владата, ИВЗ денес излезе со протокол за тоа како да се спроведат заштитни мерки за време на клањање на Бајрам.

Поврзани новости