Владата утре ќе одлучи дали ќе го разреши раководството на М-НАВ

by fokus

На владина седница на 9 јануари се очекува да се донесе одлуки за состојбата со М-НАВ, меѓу кои и за разрешување на раководството и ревизија за досегашното работење, откако минатата недела осум лица, меѓу кои и Беким Незири, поранешен министер, советник на директорот на М-НАВ и претседател на огранок на ДУИ, упаднаа во канцелариите на македонска навигација на аеродромот во Скопје.

„На иницијатива на премиерот Димитар Ковачевски, во консултација со министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, а согласно состојбите во М-НАВ, на следната седница на Владата, закажана за вторник, 09.01.2024 година, за решение на постоечката ситуација ќе бидат предложени и донесени неколку одлуки – целото раководство и сите членови на Управниот одбор да бидат разрешени; да се отвори итна постапка за избор на нови членови на раководство и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес“, стои во соопштението од Владата од 4 јануари.

Во соопштението беше наведено дека ќе бидат повикани Јавното обвинителство, ДКСК, Државниот завод за ревизија, Финансиската полиција и меѓународните тела за контрола на авио-сообраќај да направат целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ.

Оваа е компанија во државна сопственост, која делегира задачи и одговорност за управување и контрола на цивилниот воздушен сообраќај во Македонија.

Поврзани новости