483
Владата утре ќе се задолжи кај домашните кредитори за 4 милиони евра. Задолжувањето ќе го реализира преку продажба на државни хартии од вредност. Записите што ќе се продаваат на утрешната аукција ќе бидат со рок на доспевање од десет и петнаесет години.
Заклучно со јуни, внатрешниот долг на Македонија изнесува скоро 1,3 милијарди евра и само за пет години е зголемен за скоро 750 милиони евра. Вкупниот јавен долг на државата заклучно со првата полововина од годинава достигна 3,9 милијарди евра или 43,7 проценти од БДП. Во 2008 година вкупниот јавен долг изнесуваше 23 проценти од БДП.
Последен пат Владата се задолжи пред 5 дена кога позајми 12 милиони евра од домашните кредитори, а по основ на доспеани долгови врати 3,6 милиони евра.