Владата на седница што се одржа вчера донесе одлука за укинување на заклучокот на претходната техничка Влада со кој се предизвикува фискални импликации за реализација на Проектот за изведба на автопатот Коридор 8, Делница 2: Гостивар-Букојчани од дополнителни 252.699.474 евра, кои не се планирани и обезбедени во Буџетот, ниту се економски исплатливи, информираат денеска од владината прес-служба.
Од Владата најавуваат дека за овој заклучок ќе биде известено и Основното јавно обвинителство.
-Овој заклучок бил усвоен на 13 јуни оваа година, повеќе од еден месец после изборите и на неколку дена пред донесување на Одлуката за избор на нова Влада на Република Северна Македонија, како и економската неисплатливост за реализација на истиот, се вели во денешното соопштение од Владата.
Орце Костов