671
Владата треба да ги прифати барањата на СОНК и сите ученици да се вратат на настава од вторник, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
– Јас апелирам да се постигне договор час поскоро и од вторник сите ученици да се вратат онаму каде што им е местото, во клупите. Владата треба да ги прифати барањата на СОНК, а не со нивниот омилен синдикалец којшто напати во минатото се покажа како верен послушник на политиките најпрвин на Зоран Заев, а сега и на Ковачевски, да прави некакви квазидоговори, рече Мицкоски, повикувајќи да бидат задоволени барањата на СОНК, на наставниците и на вработените во градинките.