268
Нова промена во раководството на Македонска навигација. Владата се предомисли и ја смени одлуката, па наместо претходно предложениот Илир Мехмеди, сега за директор на М-НАВ го назначи Хекуран Асани.
Тој е активен контролор на летање во М-НАВ и, според проверките, ги исполнува барањата наведени во член 17 од статутот на акционерското друштво во државна сопственост М-НАВ, односно има валидна дозвола за надзорен контролор за летање и најмалку шестгодишно работно искуство како контролор.
Било утврдено дека Мехмеди не ги исполнува условите за функцијата за која го предлага Владата затоа што немал валидна дозвола за надзорен контролор за летање ниту, пак, имал најмалку шестгодишно работно искуство како контролор, објави 360 степени.