Тој и државниот секретар во МИОА, Јахи Јахија објаснија не дошле до овие бројки по лесен пат, затоа што, според нив, голем број од корисниците на буџетот или не знаеле како да внесат податоци или пак не го сметале тоа за важно.
– Со молење, инспекции, стимулација и обука, притискавме да се достават податоци. Решението да се ограничи исплатата на платата е екстремно решение, но е единствениот начин – рече Јахија.
Според податоците, од вкупната бројка од 139.009 луѓе кои добиваат плата од буџетот, 59,96 отсто се вработени на локално ниво, а 40,03 на централно. Притоа, 54 отсто се жени, а 46 отсто мажи. Гледано според националност, 75,36 отсто се Македонци, 19,31 отсто Албанци, 1,84 отсто се Турци, 1,14 отсто се Роми, 1,14 отсто. Од аспект на образование, 42,45 се со факултетска диплома, 34,81 отсто со средно, 9,67 со основно образование…