800 милиони денари или околу 13 милиони евра за 129 проекти од буџетската Програма за рамномерен регионален развој се насочени како директна поддршка на инклузивниот регионален развој за проекти можности за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во урбаните и руралните средини во сите 80 општини во целата држава, пишува порталот „Рацин.мк“.
Со оваа програма се прави исчекор кон намалување на социо-економските разлики, поттикнување на единството меѓу руралните и урбаните области и подобрување на севкупната социјална благосостојба на нашите граѓани, за градоначалниците во општините оваа програма и финансиските средства издвоени за конкретни проекти се обврска да осигурат овие средства да се претворат во опипливи резултати за подобрувања на животот на сите граѓани во нашите општини.
„Се надевам дека овие финансиски средства за секој поединечен проект, максимално одговорно и совесно ќе ги искористат. Заедно треба да градиме инклузивна и одржлива иднина за сите наши сограѓани во државата, да создаваме можности за просперитет кој нема да познава граници“, изјави на настанот на кој беа потпишани договорите меѓу Владата и градоначалниците на 80 општини вицепремиерот задолжен за координација на економските ресори Фатмир Битиќи.