За сајбер безбедност државата во следните три години ќе плаќа рекордни 25 милиони евра.
Софвтерските лиценци и сервиси за јавната администрација и во следните три години ќе ги обезбедува Аитоникс, која го доби тендерот и пред три години, но овој пат за 10 милиони евра повеќе, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
Иако најниската понуда била главен критериум на тендерот, сепак, според него, Владата во овој случај не ја избрала фирмата со пониска понуда од 21 милион евра.
-Се поставува прашањето како е можно договор за лиценци којшто пред 3 години вредел 15 милиони евра, сега да тежи над 26 милиони долари? Во кој дел владата во овие три години го напреднала работењето, услугите на администрацијата, за да сега за лиценци и компјутерски програми плаќа дури 26 милиони долари, односно дури 9 милиони евра повеќе? – праша тој.
Од Владата посочиле дека единствено фирмата Аитоникс ги исполнила потребните услови.