857
Владата вечерва се пофали дека Северна Македонија е рангирана на високото второ место во централна и источна Европа според интегритетот во секторот одбрана.
-Одлични вести за Северна Македонија од рангирањето на Transparency International, кои во обемната студија спроведена во земјите од централна и источна Европа (ЦИЕ) го скенираа интегритетот на владите во секторот одбрана. Северна Македонија е на високото второ место и се наоѓаме пред 4 земји членки на ЕУ и 6 земји членки на НАТО.
Борбата за транспарентност и борбата со корупцијата не запираат, продолжуваме напред уште подобро и уште похрабро!, порачаа од Владата.