За кредит од 100 милиони евра, Владата ги турка кон бездна двата стожери на македонската енергетска сувереност, РЕК Битола и РЕК Осломеј, со што илјадници граѓани би останале на улица, а таквата погрешна енергетска политика директно би се одразила и на политичката сувереност на Македонија, обвинува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
„Мислам дека владата оди чекор понапред, односно ги турка директно во бездна, сака да ги затвори РЕК Битола и РЕК Осломеј, двата стожери на македонската енергетска сувереност, а со тоа и сувереноста во политичка смисла на државата земајќи кредит од 100 милиони евра. Отприлика току тие ја процениле сувереноста на Макелдонија за да не ве чуди после зошто потпишуваат овие луѓе вакви договори какви што потпишуваат. Потпишувајќи го овој кредит тие се обврзале до крајот на 2023 година да го затворат Осломеј, а на крајот на 2027-та да го затворат и РЕК Битола со што директно 4 илјади луѓе ќе остават на улица, а уште најмалку 40-тина илјади луѓе кои што соработуваат со АД-ЕСМ поранешно ЕЛЕМ ќе трпат навистина сериозни загуби во тековното работење, луѓе кои што работеле на ремонтни активности добавувачи итн.Така што тој е погрешен пристп во енергетската политика која што директно ја афектира и политичката сувереност на Македонија, тврди Мицкоски.
Тој порача дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на ваквиот погрешен чекор на Владата и дека наместо затворање на овие производствени комбинати треба да се изнајде начин за нивна модернизација.
-Ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе се бориме со сите сили кои што ги имаме во рамките на Парламентот за ова да не се случи, туку напротив, да најдеме сили и средства да ги модернизираме овие два производни комбинати и да се вратат на оние патеки кои што беа пред 7-8 години кога произведуваа рекордни количини на електрична енергија, рече Мицкоски.